Тотенхем среде Германија обезбеди полуфинале во Лига Европа, и Атлетик Билбао рутински во Топ 4 (ВИДЕО)

Тотенхем по пауза од шест години повторно ќе игра полуфинале на европската сцена, овој пат во Лигата на Европа, откако на реванш-дуелот од четвртфиналето славеше со 0-1 на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт.

Стрелец на единствениот погодок во Германија беше Соланке, кој погоди од пенал во 43. минута.

Во полуфиналето Тотенхем ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Лацио и Бодо/Глимт, кој се одлучува низ продолженија, откако Лацио по регуларниот дел има предност од 2-0, идентично како што Бодо славеше во Норвешка.

Место во полуфиналето обезбеди и Атлетик Билбао. По ремито без голови во Глазгов, вечерва шпанскиот тим рутински славеше над Ренџерс со 2-0, со головите на Сансет и Нико Вилијамс.

Се вчитува...