Тотенхем е во победничка серија во Премиер – лигата, нов триумф забележа и вчера против ВБА (4-0), но го загуби дефанзивецот Јан Вертонген, кој се здоби со сериозна повреда на глуждот. При една акција крај левата аут линија, тој згазна непријатно и го повреди скочниот зглоб, и веднаш беше воочливо дека се работи за сериозно оштетување на лигаментите.
Вертонген мораше да го напушти теренот и тоа со помош на медицинскиот тим, а стравувањата се дека би можел да паузира и многу долго. Деталните лекарски прегледи ќе следат во текот на денешниот или на утрешниот ден, а менаџерот Маурицио Покетино се надева дека сепак не се работи за кинење на лигаментите, што би значело и крај на сезоната за одличниот дефанзивец.
„Јасно е дека повредата воопшто не е наивна. Се работи за лигаментите на левиот скочен зглоб, но деталната проценка допрва ќе следи“, изјави Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА