Екипата на Тотенхем реди лоши резултати во Премиерлигата, откако на свој терен вечерва е поразен од Кристал Палас со 1:3, и тоа после пресврт. Тотенхем поведе, меѓутоа Палас потоа имаше играч повеќе, и дојде до три гола до полувремето, со што на крајот немаше проблем да го приврши до крај мечот и да се радува на трите бода.
После една добра акција во 34. минута Соланке го донесе во водство Тотенхем, откако претходно беше поништен гол на Сар поради офсајд.
Сепак, клучен момент беше 38. минута кога Мики ван де Вен доби црвен картон, а Кристал Палас пенал кој во гол го претвори Сар во 40. минута.
Со играч помалку Тотенхем не можеше да парира, па следуваа уште два гола на Кристал Палас до крајот на полвуремето. Најпрво Ларсен откако доби топка од Вортон, го најави пресвртот, а потоа во седмата минута од судиското надополнување повторно Вортон асистент до Сар кој носи 1-3.
Во вториот дел Тотенхем не можеше да се носи со 10 играчи, и запиша нов пораз во Премиерлигата, со кој сериозно влегува во опасна зона и му претстои жестока битка за опстанок, а Игор Тудор може да биде сменет само неколку дена откако дојде на клупата на овој тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

