Резултатската криза на Тотенхем уште повеќе се продлабочи откако „спарси“ попладнево загубија со убедливи 3-0 на гостувањето против Брајтун. Се уште во нокаут по дебаклот во ЛШ од Баерн, избраниците на Покетино одиграа уште еден катастрофален натпревар и сосема заслужено претрпеа пораз.
Дебаклот беше најавен веќе во 2. минута, кога Љорис направи катастрофална грешка, овозможувајќи му на Мопеј по само една минута да ја затресе неговата мрежа. Згора на тоа голманот на Тотенхем заработи тешка повреда на раката, па мораше веднаш да биде заменет. „Спарси“ продолжија со очајна игра, па Коноли зголеми на 2-0 за Брајтон, пред конечните 3-0 во второто полувреме да ги постави истиот фудбалер.
Очигледно е дека Маурицо Покетино не може да најде лек за големата криза, па „спарси“ со игрите и резултатите се далеку зад она што го прикажаа во текот на последните неколку сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА