Тотенхем „торпедираше“ аматери…, „Јирген Клоп“ се појави на мечот да го провоцира Мурињо

Без апсолутно никакви проблеми Тотенхем се пласираше во следната рунда натпревари на ФА купот откако славеше убедливо со 0-5 на гостувањето против аматерите на Марин.

Сепак, ова беше голем ден за малиот аматерски клуб кој го пречека Тотенхем и Жозе Мурињо. Па, покрај теренот се појавија многу лица за кои тоа беше шанса да се видат ѕвездите на Тотенхем.

Еден од навивачите на домашниот тим натпреварот го гледаше во друштво на „Јирген Клоп“. Донесе макета на Германецот во природна големина, за да го провоцира Жозе Мурињо.

Се вчитува...