Антонио Конте покажа дека знае како да работи во Тотенхем и тоа за релативно кратко време донесе голем успех на тимот од Лондон. Менаџерот на „петлите“ сака нови засилувања, а главна цел му е Интер.
Веќе е договорена соработка со голманот Форстер, но и со Иван Перишиќ од Интер. А Конте не планира да застане тука кога е во прашање шопингот од „Меаца“. Следна цел е Лаутаро Мартинез. Аргентинецот синоќа имаше одлична партија на „Вембли“, а со гол и асистенција Лаутаро беше еден од најзаслужните за убедливиот триумф на „гаучосите“ над Италија.
Интер е во финансиски проблеми, јасно е дека ќе мора да продава. Се проценува дека трансфер вреден околу 60 милиони евра ќе ги закрпи дупките, што отвора простор за маневрирање кога е во прашање потенцијалното заминување на Лаутаро Мартинез.
Конте има и резервни опции доколку тој сепак остане во Милано. Тотенхем продолжува да ги следи играчите како Калверт-Луин од Евертон, Дарвин Нуњез од Бенфика и Виктор Осимен од Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА