Тотенхем трипати губеше, на крајот се радуваше, победи за Ливерпул, Лестер, Борнмут и Нотингем

Најинтересно беше во Лондон, каде што Тотенхем после трипати негатива, на крајот стигна до победата. Самервајл во 10. минута донесе водство за Лидс, а Кејн во 25. минута израмни. Родриго во 43. минута донесе ново водство за гостите, за во 51. минута Дејвис повторно да израмни. Третото водство за Лидс го донесе Родриго, па следуваше шоу на Бентакур. Во 81. минута најпрво успеа да израмни, а две минути подоцна со гол да донесе водство и победа на својот тим.

Ливерпул стигна до победа во дуелот со Саутемптон со 3-1. Фирмино донесе водство, па Адамс израмни за Нуњез со два брзи гола да донесе 3-1. Нуњез погоди во 21. и во 42. минута.

Победа забележа Лестер кој на гостински терен го совлада Вест Хем. Медисот во 8. минута донесе водство, а Тилеманс промаши пенал на крајот од првиот дел. Барнс во 78. минута погоди за 0-2.

Евертон запиша нов пораз откако загуби од Борнмут со 3-0. Нотингем Форест стигна до триумф над Кристал Палас so 1-0.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...