Големите проблеми со повредени фудбалери на Тотенхем продолжуваат откако на листата се приклучи и најдобриот дефанзивец на тимот, Кристијан Ромеро. Аргентинскиот репрезентативец се повреди на последниот дуел со Евертон, а деталните прегледи покажаа сериозно истегнување на мускулот, по што е препорачана пауза од најмалку еден месец.
Во ситуација кога се повредени и Ван де Вен и Сесњон, а Удоги е суспендиран за утрешниот дуел со Брајтон, јасно е дека тренерот Постекоглу ќе има сериозни проблеми да ја остави последната одбранбена линија пред голманот Викарио.
„Разочарувачки е, за нас и за Ромеро. Замина на прегледи, ни соопштија дека ќе паузира меѓу четири и пет седмици“, потврди Постекоглу на денешната прес-конференција пред дуелот со Брајтон.
Според менаџерот на „спарси“, најблиску до камбек се наоѓа Ван де Вен, кој би можел да му биде на располагање кон средината на месец јануари. Во меѓувреме, Постекоглу ќе мора да ја „крпи“ одбраната, а треба да се истакне и дека по 1 јануари ќе остане и без помошта на најдобриот стрелец Сон, кој ќе замине на Азискиот куп на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА