Иднината на менаџерот на Тотенхем, Анже Постекоглу веќе подолго време е нејасна и очекувањата се тој да биде сменет по крајот на сезоната. Спарс имаат разочарувачка сезона и се на 15. место во Премиер лигата . Сепак, ситуацијата може да се промени доколку лондончани ја освојат Лигата на Европа , каде што се во полуфиналето. Доколку тоа се случи, постои можност и Постекоглу да добие повеќе време нз клупта..
Настапот на Тотенхем ги натера англиските медиуми да шпекулираат за тоа кој би можел да стане нов тренер на тимот. Во последните денови се споменуваа имињата на Марко Силва (Фулам ), Андори Ираола (Борнмаут ) и Оливер Гласнер (Кристал Палас). На списокот е додадено уште едно име, а тоа е тренерот на Брентфорд, Томас Френк.
Данецот импресионираше со својата работа во последните години. Тој е во Брентфорд од 2018 година и го претвори тимот во фактор во Премиер лигата. Покрај добрите резултати, „пчелите“ воодушевуваат и со својот стил на игра. Френк има ослободителна клаузула од 9 милиони фунти, која Тотенхем е подготвен да ја плати за да го ангажира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА