Тотенхем е заинтересиран за услугите на одличниот фудбалер на Фиорентина, Душан Влаховиќ, пренесуваат италијанските медиуми. Во Тотенхем во Влаховиќ ја гледаат замената за Хари Кејн кој најверојатно ќе го напушти клубот од Лондон.
Фиорентина за Србинот бара 60 милиони евра, а од премиер-лигашот се подготвени да ја платат оваа сума најмногу поради тоа што спортскиот директор Фабио Паратичи одамна е заљубен во игрите на младиот напаѓач.
Влаховиќ има актуелен договор со клубот од Фиренца до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА