Дефанзивецот на Тотенхем и репрезентацијата на Бразил, Емерсон Ројал, се повреди на натпреварот со Мароко и ќе мора да прави операција на коленото.
Од тимот на Тотенхем соопштија за повредата на дефанзивецот, кој ќе мора да паузира.
„Можеме да потврдиме дека Емерсон Ројал доживеа повреда на менискусот на левото колено додека беше на меѓународниот натпревар со Бразил минатата недела“, соопшти Тотенхем.
Ројал во лондонскиот клуб стигна 2021 година, и досега одигра 53 натпревар. Кај Конте беше незаменлив на позицијата десен бек. Тимот се бори за излез во Лигата на шампионите идната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА