Тотенхем за едно полувреме го растури Кардиф

Фудбалерите на Тотенхем експресно се рехабилитираа од шокантниот пораз од Вулверхемптон на домашен терен минатото коло, па новата година ја стартуваа со лесна и убедлива победа на гостувањето против Кардиф од 0-3.

„Спарси“ одиграа фантастично во првото полувреме, во кое го натераа домашниот голман три пати да ја вади топката од мрежата. Гол-шоуто го почна Хари Кејн, на 0-2 зголеми Ериксен, додека конечните 0-3 ги постави Сон на асистенција на Кејн.

Тотенхем со овој триумф сега заостанува шест бода зад Ливерпул, кој в четврток ќе го игра својот меч од 21. коло, и тоа на гостински терен против шампионот Манчестер Сити.

 

Се вчитува...