Една од причините што Тотенхем беше премногу тивок во преодниот рок е и изградбата на новиот стадион, на кој „спарси“ потрошија богатство, но се уште е готов за да биде пуштен во употреба. Фановите се надеваа дека отворањето ќе се случи на дерби-дуелот со Ливерпул на 15 септември, но челниците на Тотенхем денеска објавија дека поради „проблеми со системи за безбедност“ се принудени да го одложат стартувањето на спортски настани во новата арена.
„Знаеме колку е ова разочарувачки за нашите фанови, но безбедноста на сите мора да биде на прво место. Уште пред почетокот на изградбата порачавме дека ќе биде потребно трпение, сега молиме навивачите да бидат уште малку стрпливи бидејќи се наоѓаме во завршна фаза од изградбата“ – изјави претседателот Даниел Леви.
Покрај мечот со Ливерпул, дефинитивно на „Вембли“ ќе се игра и дуелот против Кардиф закажан за 6 октомври, но британските медиуми најавуваат дека речиси сигурно Тотенхем ќе остане да биде домаќин во „англискиот храм на фудбалот“ до крајот на 2018 година, за од 2019 да стартува со натпревари на својот стадион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА