Тоти е воодушевен: Рома го донесе најдобриот тренер во светот

Рома имаше сосема просечна сезона се додека управата на клубот не повлече вистински потег, за нов тренер доведувајќи го Жозе Мурињо. Иако буџетот за засилувања нема да биде огромен, самото доаѓање на „специјалниот“ е доволно за да се крене оптимизмот меѓу приврзаниците на „римската волчица“.

Еден од оние кои се најзадоволни од изборот на Мурињо е најдобриот фудбалер на Рома на сите времиња, Франческо Тоти.

„Секако дека треба да сме среќни, па Рома го доведе најдобриот тренер во светот на фудбалот. Дали би сакал тој да ме тренира? Кога бев помлад, сигурно дека ќе ми беше чест да играм за Жозе“, истакна Тоти.

„Принцот на Рим“ беше во војна со претходните газди на клубот, а иако Рома во меѓувреме доби нова управа, тој не планира да се врати назад на „Олимпико“.

„Не сум зборувал со никого и нема да има улога за мене во клубот. Таа приказна е завршена“, порача Франческо Тоти.

Се вчитува...