Легендата на Рома и италијанскиот фудбал, Франческо Тоти го истакна Кристијано Роналдо како прв фаворит за освојување на „Златната“ топка 2017. Италијанецот објасни дека го издвојува Португалецот поради иднивидуалните, но и клупските достигнувања кои ги направи носејќи го „кралскиот“ дрес, токму затоа Роналдо треба да биде пред најскапиот играч на планетата, Нејмар и петкратниот освојувач на престижната наградата, Лионел Меси.
„Роналдо, Меси и Нејмар се „вонземјани“ во фудбалот. Но, сметам дека Португалецот има предност пред другите за освојување на престижниот пехар за најдобар фудбалер на планетата, поради се што успеа да направи со Реал во текот на минатата сезоната. Роналдо е вистински лидер на тимот во круцијални моменти“, вели Тоти.
Екс-фудбалерот на Рома го издвои и Зинедин Зидан како прв кандидат за освојување на ФИФА наградата за најдобар тренер, секако поради истите успеси со Реал Мадрид покрај Кристијано Роналдо.
„Зидан треба да биде избран за најдобар тренер, нормално поради причини како Кристијано. Двајцата го предводеа тимот кон сите трофеи кои можеа да се освојат минатата сезона“, додаде Тоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА