Легендарниот италијански фудбалер и легенда на Рома, Франческо Тоти во интервјув за италијанските медиуми веројатно ја кажа и најдобрата реченица во историјата на фудбалот.
Тој вели дека кога тој играше фудбал, тој се уште беше спорт кој се играше од љубов, но сега веќе не е така.
„Кога јас играв, фудбалот го игравме од љубов. За ништо не би ја менувал мојата верност кон Рома. Сега, сега е сосема различно. Се се сведува на парите и сите за жал играат само за пари“, изјави Тоти.
Тоти остана верен на својата Рома каде помина 25 години и иако своевремено имаше понуди од најголемите клубови во Европа меѓу кои и Реал Мадрид тој никогаш не замина од главниот град на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА