Тоти ја напушта Рома?

Легендата на италијанската Рома, Франческо Тоти е пред заминување од клубот, бидејќи нема да ја добие работата спортски директор, која смета дека му припаѓа по заминувањето на Мончи. Нов спортски директор на „волчицата“ ќе биде најверојатно Џанлука Петрачи, додека на Тоти му е понудено да биде технички директор, што значи дека ќе мора да соработува со Петрачи.

„Во моментов се кажани и напишани многу работи. Некој се обидува да открие што јас мислам, тоа е неверојатно. Наскоро ќе ја дознаете мојата страна од приказната“, напиша Тоти.  

Тоти помина 25 години во тимот од главниот град на Италија, за кој запиша 619 натпревари, на кои постигна 250 гола.

Се вчитува...