Легендата на Рома, Франческо Тоти пред неколку дена истакна дека кога тој би бил функционер на тимот, би го продал аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала. На ова одговори Дибала кој наводно го навредил Тоти, поради тоа што не му се допаѓала изјавата.
Тоти кажа дека би се одлучил да го продаде Аргентинецот поради честите повреди, со кои повеќе е надвор отколку на теренот, а потоа одговори на критиките.
„Јас не сум директор на Рома или на било кој друг тим. Јас сум само навивач, во овој случај на Рома, и можам да кажам што сакам, и она што го мислам. Наведов дека тоа не е насочено кон Дибала. Секогаш сум го бранел, и за мене технички е најдобриот играч во тимот. Кога го нема, се чувствува тоа по тимот. Само ме прашаа што би правел кога би бил директор. Јас одговорив така како што одговорив, затоа што за две години играше само на 50% од натпреварите. Ако сака некој да направи слон од мува, нека прави. Немам ништо против Дибала, напротив, јас бев првиот кој го покани да дојде во Рома“, рече Тоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА