Фудбалската икона на Рома, Франческо Тоти, вчера го имаше своето емотивно збогување со дресот на клубот кој го носеше 25 години, во текот на целата своја кариера. Но, најверојатно нема да ги закачи копачките на клинец. Италијанските медиуми откриваат дека Тоти ќе игра најмалку уште една сезона, и тоа во Мајами, во Северноамериканската фудбалска лига, втора по ранг во САД.
Тоти оди на повик на својот поранешен колега од репрезентацијата и долгогодишен член на Лацио и на Милан, Алесандро Неста, кој ќе биде тренер на новоформираниот тим. Еден од косопствениците е и легендарниот лев бек на Милан, Паоло Малдини, заедно со италијанскиот бизнисмен Рикардо Силва.
Доаѓањето на Франческо Тоти во Мајами сигурно ќе предизвика вистинска еуфорија во САД и ќе го зголеми интересот за фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА