Тоти: Мурињо е одличен мотиватор, за успесите на Рома се зависи од играчите

Кога ќе се спомене Рома јасно е дека секогаш прва асоцијација е Франческо Тоти, легендата на клубот кој целата своја кариера ја мина во редовите на „волчицата“ воопшто не помислувајќи да замине на друго место.

Токму затоа и секогаш кога има нешто да каже за актуелните состојби во Рома, навивачите на клубот со максимална почит го прифаќаат неговиот став. Не крие Тоти и сега во разговор за италијанските медиуми дека Рома има проблеми, но има и тренер кој е одличен мотиватор и кој може да го извлече најдоброто од тимот.

„Најголем наш проблем е доследноста. Едноставно, тоа е факт. Се навикнавме на одлични моменти и брзи падови, а тие се последица на сето тоа. Имаме одличен тренер кој е одличен мотиватор и мислам дека се најмногу зависи само од играчите“ – вели Тоти.

Сепак, одби Тоти да одговори на прашањето дали Лукаку и Дибала се подобра двојка од него и Батистута.

„Го знам одговорот на тоа прашање, но нема да одговорам. Би поставил формација таква да играме сите заедно“ – рече Тоти.

Се вчитува...