Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти сака да се врати во тимот. Екс капитенот на „волчицата“ призна дека е многу веројатно да направи „кам-бек“, признавајќи дека Жозе Мурињо го повикал.
Тоти призна дека веројатно следната година ќе се врати во Рома, а тоа во голема мера ќе ги воодушеви навивачите.
„Понекогаш се допишуваме со пораки, а пред некое време разговаравме на телефонот. Би можел да се вратам за една година“, изјави Тоти, кој е најважниот играч во историјата на Рома.
Договорот на Португалецот на клупата на Рома истекува летото 2024 година, а засега нема знаци дека би можело да дојде до продолжување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА