Еден е Франческо Тоти…И ќе остане еден и единствен засекогаш во срцата на фановите на Рома, но и на сите вистински љубители на фудбалот. Синоним за врвна класа, верност и чиста душа. За неговата величина доволно говори и фактот дека самиот Тоти не дозволил клубот да го повлече од употреба дресот со број „10“.
„Од клубот ме прашаа, сакаа да ја повлечат мојата „десетка“. Но, јас тоа не го дозволив. Не го сакам тоа. Напротив. Сакам секое дете кое тренира во Рома да ја сонува и да се надева дека еден ден ќе ја облече. Секое дете има право на тоа, како што имав и јас, кога пресреќен дојдов во школата на Рома, кога ме селектираа и ми понудија да бидам дел од клубот“, изјави Франческо Тоти по својот последен натпревар во дресот на Рома.
Тој капитенската лента му ја предаде на 11-годишниот Матија Алмивива.
„Не е тоа случајно. Тој е еден од најталентираните фудбалери во Италија на негова возраст. Верувајте, тој што умее со топката, јас не можев ни да сонувам на негова возраст. Освен тоа, тој е многу паметно и пристојно момче. Кога го прашав што сака во иднина, рече дека сака да биде како мене. Да стане капитен на Рома и цел живот да игра за овој тим. Верувам дека ќе го стори токму тоа“, истакна Тоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА