Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти ја шокираше јавноста со изјава дека бил блиску до враќање на терените на 48-годишна возраст и тоа со настап за тим од Серија А.
Асот на Рома е во пензија од 2017 година, но оваа година за малку не се вратил на терените со потпис за прволигаш кој не го именуваше, но се шпекулира дека станува збор за Џенова.
„Постоеше шанса да му се вратам на фудбалот. Стануваше збор за клуб од Италија, од Серија А. Ви се колнам, се чувствував многу добро. Тренирав секој ден по два часа, бев во топ форма кога станува збор за издржливоста па и секој друг аспект“, изјави Тоти кој потоа ја откри и причината поради која се откажал од идејата.
„Не се оствари бидејќи морав да променам многу работи, беше многу комплицирано. Морав да се преселам во друг град. Требаше да живеам блиску до Касано, можете ли да го замислите тоа?!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

