Избраниците на Лучијано Спалети се уште имаат теоретски шанси за шампионската титула, но главната цел на Рома е да го зачува второто место кое носи директен пласман во Лигата на шампионите.
Натпреварот против Киево би можел да биде еден од последните за легендарниот Франческо Тоти. Медиумите од Италија најавуваат дека Тоти сигурно на крајот од сезоната заминува во пензија, иако легендата на Рома уште официјално ништо не објавил.
Но, интересен момент се случи вчера пред заминувањето на екипата за Верона. Фоторепортерите се фокусираа единствено кон Тоти, а тој кратко им порача…
„Полека, ќе имате можност да ме фотографирате и следната сезона“ – прокоментирал Тоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА