Тоти потврди: Се враќам во Рома

Легендата на Рома, Франческо Тоти повторно ќе биде дел од клубот од главниот град на Италија.

Тоти им потврди на италијанските медиуми дека повторно ќе биде дел од тимот, но не и во која улога.

„За мене Рома е мојот дом, отсекогаш била па дури и кога не сум таму. Во последно време кружат разни гласини. Вистина е, разговараме, преговараме за некои детали и одлучуваме што е најдобро за сите нас. Се надевам дека наскоро ќе се реши ситуацијата“, изјави Тоти.

Тоти целата кариера ја помина во Рома. Тој е клупскиот рекордер по бројот на настапи (786) и бројот на голови (307).

Пред да ја заврши кариерата во 2017 година освои пет трофеи со клубот. Шампион на Серија А стана во 2001 година. Трофејот во Купот го подигна во 2007 и 2008 година. Во Суперкупот се радуваше на трофејот во 2001 и 2007 година.

По крајот на кариерата остана во клубот во функција на директор до 2019 година пред да си поднесе оставка поради конфликт со сопственикот.

Се вчитува...