Тоти призна: Навивам за Реал Мадрид

Легендарниот фудбалер на Рома и на италијанската репрезентација Франческо Тоти, призна дека е воодушевен од Реал Мадрид. Во интервју за „Марка“ зборуваше за својот тим под водство на Мурињо.

Тоти кажа дека со Рома гостувал на многу стадиони, но дека во Мадрид чувството било посебно.

„Реал Мадрид во мое време ги имаше Бекам, Карлос, Зиданм, играчи кои беа на поинакво ниво. Секогаш ми се допаѓаше Реал, кога бев дете во Рим ги гледат внивните мечеви. Тоа е најуспешниот клуб во светот. Навивачите и стадионот Сантијаго Бернабе секогаш ме импресионирале. Минав 25 години со Рома во друга лига и на друг стадион, но Бернабе секогаш ми бил поинаков“, рече Тоти.

Потоа зборуваше за сегашната ситуација во Рома…

„Знам дека има многу дилеми околу Жозе Мурињо, но се надевам дека тој ќе го однесе тимот што е можно повисоко“, смета Тоти.

Се вчитува...