Франческо Тоти ја шокираше фудбалската јавност на Апенинскиот полуостров откако обелодени дека добил понуда да се врати и повторно активно да игра фудбал.
Не обелоденувајќи го името на клубот, Тоти откри дека станува збор за прволигаш од елитното италијанско фудбалско друштво, кој сакал да го врати „Принцот на Рим“ седум години по неговото пензионирање.
„Имаше екипи од Серија А кои ме бараа да се вратам и повторно да играм фудбал за нив. Тоа не беше толку одамна, признавам дека малку и размислував да прифатам. Секако, тешко е изводливо, но во животот често велам, никогаш не вели никогаш… За два три месеци би бил физички подготвен. Се уште сум активен и на 48 години, можеби не би издржал цел меч, но 20-30 минути можеби… Ако веќе направам таква лудост, тоа би било само во Италија, никако во некоја друга земја“, изјави Тоти.
Италијанската фудбалска легенда целата кариера ја мина во дресот на Рома, клуб за кој одигра 786 натпревари и постигна 307 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА