Втората „епизода“ на Кристијано Роналдо во Манечстер Јунајтед не заврши славно откако по интервјуто со Пирс Морган во кој Португлаецот без влакна на јазикот говореше за ситуацијата во клубот доби отказ.
Поддршката за легендарниот фубалер сега даде и легендарниот капитен на Рома и поранешниот италијански репрезентативец Франческо Тоти кој за италијанските медиуми изјави како крајот на неговата кариера е слична со таа на Роналдо.
„Кога ги гледам последните неколку месеци на Роналдо ми се чини дека го преживува тоа што јас веќе го почувствував. Мислам дека треба да му покажат почит. Знам како е кога не те сакаат во клубот кој го обожаваш“, вели Тоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА