Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти е убеден дека заминувањето на Николо Заниоло нема да биде болно за Рома.
Се верува дека Заниоло веќе ги има договорено личните услови со Јувентус, останува двата клуба да најдат решение за начинот на кој ќе биде реализиран трансферот.
Легендата на Рома, Тоти кој секој меч го гледа од трибините на „Олимпико“, вели дека нема да биде проблем заминувањето на Заниоло.
„Воопшто нема да биде болно доколку се случи, знам дека Рома ќе купи некој исто толку добар“, рече Тоти.
Рома не сака да слушне за продажба под 60 милиони евра, па сега Јувентус е на потег со конкретна понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА