Македонскиот ракометен шампион Вардар утревечер ќе му гостува на хрватскиот ППД Загреб во еден од најважните мечеви од групата А во Лигата на шампионите.
Кружниот напаѓач на „црвено-црните“, Жереми Тото вели дека е многу важно да одиграат силно на овој меч, нешто што успеаја да го направат на гостувањето кај Кил.
„Нашите очекувања за овој натпревар е да бидеме силни исто како што бевме во Кил. Мислам дека покажавме добро лице иако загубивме. Сега се фокусираме на овој натпревар со Загреб. Правиме видео-анализа на противникот секој ден и верувам дека целиот тим е фокусиран за овој натпревар. За нас е многу важно да победиме“, вели Тото.
Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб е закажан за утре во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА