Тото Волф: Ботас беше клучен за доминацијата на Мерцедес во 2018

Тимот на Мерцедес беше доминантен во годинашниот шампионат во Формула 1 со освојување на „двојната круна“ – титулата во конкуренција на возачи и титулата кај конструкторите. Шефот на Мерцедес, Тото Волф истакна дека во овие успеси клучната улога ја имал вториот возач во германскиот тим, Валтери Ботас.

Шампионската титула, петта по ред ја освои Луис Хамилтон со доминантниот настап во вториот дел од сезоната. А, тимот на Мерцедес беше во импресивно издание во однос на своите ривали во трката за титулата кај конструкторите.

Ботас на крајот заврши на петтото место во генералниот пласман зад својот клупски колега, двоецот од Ферари – Себастијан Фетел и Кими Раиконен и зад Макс Ферстапен од Ред Бул. Како втор возач во тимот, Финецот добро ја одработе тимската стратегија и му помогна на Хамилтон да дојде до петтата шампионска титула.

Да не беше Валтери, ние немаше да ги освоиме двете титули. Валтери иако имаше лоша среќа, никогаш не дозволи да падне духот во тимот. Може да видите други возачи како паѓаат кога ќе ја загубат можноста да се борат за шампионската титула, стануваат негативни и дисфункционални. Но, Валтери остана позитивен до самиот крај“– изјави Волф.

Се вчитува...