Тимот на Мерцедес беше принуден да стави во излоација шест свои членови во пресрет на трката за големата награда на Германија. Во Мерцедес има два позитивни случаи, третиот сомнителен имал нејасен резултат. Шефот на тимот Тото Волф објаснува какви ригоризни мерки морале да преземат за да ги заштитат пред се возачите, Луис Хамилтон и Валтери Ботас.
„Јасно дека во целиот тим, возачите се под најголеми рестрикции. Секако тоа не е добра ситуација за нив бидејќи речиси треба да живеат како „аскети“. И тие го прават тоа. Седат постојно дома, никаде не излегуваат, не се среќаваат со други луѓе“ – вели Волф.
За денеска се закажани квалификациите за утрешната трка во Германија. Пилотите на Мерцедес ги држат двете водечки позии во генералниот пласман. Хамилтон е лидер со 205 бода, Ботас на вторто место има 161. Макс Ферстапен од Ред Бул е со 128 на третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА