Во Ф1 тимот на Мерцедес никогаш немало и нема да има „прв“ и „втор“ возач, дециден е шефот на германскиот тим, Тото Волф. По триумфот ан трката за ГН на Сингапур, Луис Хамилтон води во генералниот пласман на возачи, а неговиот клупски колега, валтери Ботас е трет со 51 бод помалку.
На прашањето дали при оваа голема разлика во бодовите и реалните шанси Хамилтон да се избори за шампионска титула, Мерцедес ќе го стави Британецот во фаворизирана улога во однос на Ботас, Волф има дипломатски одговор.
„Станува очигледно дека шансите на Луис да го освои шампионатот се многу поголеми отколку на Валтери. Ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата на секоја трка и да проценуваме како што правевме и досега. Не би сакал да кажам дека Луис е „првиот“ возач, затоа што не сакаме да влијаеме на мислењето на „вториот“ или поточно „другиот“ возач во тимот. Затоа што ако тој е напред и ја предводи колоната, не би сакал да го наречам „втор“ – вели шефот на Мерцедес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА