Тотре продолжува во Шкендија

Шкендија осигура уште едно значајно засилувања откако денеска беше потврдено останувањето на Енур Тотре во редовите на тетовскиот клуб. Овој играч за врска го носеше дресот на Ворскла во Украина, но по камбекот меѓу тетовските „црвено-црни“ Тотре лесно се наметна кај стручниот штаб, што беше повод за да се активираат преговорите за негово останување во клубот.

Тотре ги мина последните шест месеци на позајмица во Шкендија, таа истече синоќа на полноќ, но двата клуба повторно постигнаа договор и поранешниот македонски репрезентативец ќе продолжи да ги брани боите на тетовци.

„Шкендија е мојот дом, за мене секогаш е голема гордост кога ќе го облечам дресот на овој клуб. Сакаме да го вратиме клубот на нивото на кое се наоѓаше пред неколку години, пред нас е многу работа, но верувам дека се движиме во вистински правец“, изјави Тотре по потписот на новиот договор со тетовци.

Се вчитува...