Трабзон го продава Барди во јануари?

Енис Барди пристигна од Леванте во Трабзон во текот на летниот преоден рок, но македонскиот репрезентативец би можел да ги смени клупските бои и на самиот почеток од 2023 година.

Тој одигра 19 натпревари за актуелниот првак на Турција, постигнувајќи четири погодоци, но според турските новинари Трабзон е подготвен да го продаде Барди доколку добие интересна понуда.

„Барди не е меѓу играчите кои важат за недопирливи. Доколку се добие понуда во јануари, Трабзон ќе ја разгледа внимателно и доколку е доволно добра, Енис ќе може да го напушти клубот“, пишува новинарот на турски „Сабат“, Јунус Емре Сел.

Барди во текот на летото беше поврзуван со неколку шпански клубови, па останува да се види дали тој зимава ќе се врати назад во Ла Лига.

Се вчитува...