Енис Барди по завршувањето на сезоната изјави дека би сакал да остане во Трабзон, но клубот очигледно има поинакви планови откако македонскиот репрезентативец се најде на листата на тренерот Бјелица, од играчи кои можат да си заминат доколку пристигне интересна понуда за нивните услуги. Барди минатото лето дојде во Трабзон од таборот на Леванте за три милиони евра, па иако имаше низа одлични настапи сепак челниците на клубот се подготвуваат за негова продажба во текот на летово.
Тој беше ставен на трансфер-листа и во јануари, кога Трабзон бараше три милиони евра за да си ја врати инвестицијата и да го пушти македонскиот интернационалец да си замине. Она што е интересно, на крајот од сезонава екс-шампионот на Турција реши да ја зголеми цената што ја бара за Барди, па таа сега изнесува 4,5 милиони евра.
Сериозен интерес за македонскиот плејмејкер пристигнува од американската МЛС-лига, понуди подготвија и неколку екипи од шпанската Ла Лига (каде Барди остави силен впечаток по добрите игри за Леванте), но останува да се види дали овие тимови ќе се согласат да ја платат зголемената отштета што ја бара Трабзон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

