Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел во зимскиот преоден рок да го напушти Трабзонспор, како што пренесуваат турските медиуми.
Турците пишуваат дека Барди не ги исполнил очекувањата на клубот, па сега ќе биде слободен да си побара нова клупска средина.
А, факт е дека за повеќе од квалитетниот македонски репрезентативец, нема да се чека долго за да добие понуди за ангажман. Според пренесувањата, клуб од Италија и еден клуб од Ла Лига искажале интерес за Барди. Италијанскиот Торино и шпански Бетис посакуваат да го видат во своите редови, иако се спомнува дека интерес има уште од два клуба од Италија и од Шпанија.
Турците пренесуваат дека поголемата пречка за трансфер е што Турците бараат повеќе од три милиони евра за да го ослободат Барди, колку што изминатото лето му платија на Леванте за негов ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

