Трабзон освои титула по 38 години, цел град славеше цела ноќ (ВИДЕО)

Трабзон е новиот владетел во фудбалската лига во Турција, првпат после 38 години, откако го освоија последниот бод кој им требаше за заверка на „круната“ со ремито 2-2 против Анталијаспор.

За клубот од Трабзон ова е седма титула во историјата. Овој тим ги освои сите други титули во текот на 1970-тите и 1980-тите години, а последната пред 38 години.

Колку им значи таа титула на страсните фанови најдобро можеше да се види од тоа како ја прославија титулата. Навивачите истрчаа на теренот уште пред официјално да заврши мечот.

Синоќа цел град излезе на улица, а лудницата од радоста за титулата, траеше до раните утрински часови.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...