Трабзонспор славеше со 4-0 во дуелот „да се биде или не“ против Монако и ги задржа шансите за пласман во следната фаза од Лига Европа. До победа турскиот тим го предводеа Сар кој си постигна автогол во 44. минута, Витор Уго, нашиот Барди кој од слободен удар во стилот на Меси ги надитри и живиот ѕид и голманот и Трезаге.
Балканскиот претставник Црвена Звезда кој е во иста група како Трабзон пак се наоѓа пред елиминација од натпреварувањето откако загуби на гостувањето кај Ференцварош со 2-1. Зекариарсен го отвори мечот со гол во 23. минута, а откако Митровиќ изедначи во 55. минута, трите бода ги осигура Мае во 61. минута.
За „црвено-белите“ да се надеваат на место во следната фаза потребна е победа на следниот натпревар против Трабзон со повеќе од еден гол.
Манчестер Јунајтед упати 33 обиди кон противничкиот гол, но дури во третата минута од судиското продолжение успеа да го пробие отпорот на Омониа за победа од 1-0. Херојот на „црвените ѓаволи“ беше Скот Мектоминеј кој го постигнат првиот гол оваа сезона.
Останати натпревари:
Лацио – Штрум Граз 2-2
Лудогорец – ХЈК 2-0
ПСВ – Цирих 5-0
Реал Сосиедад – Шериф 3-0
Унион Берлин – Малмо 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА