Трабзонспор ќе биде следната дестинација на Ердал Ракип?

Ердал Ракип и официјално од 16. ноември не е повеќе дел од Малме. Тимот од Шведска објави официјално дека нема договор со играчот од средниот ред, и дека тој си оди како слободен агент, со оглед дека му истече договорот со „сините“.

Турските медиуми, пак, пишуваат дека неговите менаџери влегле во преговори со турски Трабзонспор. Турскиот клуб бара замена за Марек Хамшик, кој по крајот на сезоната го напушта тимот и веројатно заминува во пензија. Доколку дојде, ќе биде вториот Македонец во овој тим после Енис Барди.

Ердал Ракип е поранешен македонски репрезентативец, а во моментов статусот во репрезентацијата му е „замрзнат“. Селекторот Благоја Милевски на прес-конференција пред неколку дена објасни дека Ракип побарал „одмор“ од репрезентацијата, и дека не се чувствува дел од неа. Затоа, веројатно, за него нема иднина во националниот тим.

Се вчитува...