Трабзонспор нуди 1.5 милион за Мато

Турскиот прволигаш Трабзонспор се приклучи на трката за еден од најатрактивните играчи во македонскиот фудбал, крилниот напаѓач на Вардар, Роџерс Мато. По првичниот интерес и конкретната понуда од шкотскиот Хартс, кој пред неколку дена понуди околу 350.000 евра (одбиена без подолг разговор), сега во игра влегува и силниот турски клуб.

Според турските медиуми, менаџерите на 22-годишниот репрезентативец на Уганда му го препорачале на Трабзонспор како идеално засилување за десната страна во нападот во јануарскиот преоден рок. Мато оваа сезона е вистинска сензација во ПМФЛ, откако во 17 натпревари постигна импресивни 15 голови и додаде 2 асистенции, што го прави најдобар стрелец во лигата.

Вардар, пак, јасно го објави својот став, па затоа раководството одлучи да ја активира откупната клаузула од 1.5 милиони евра. Тоа е сумата што секој заинтересиран клуб ќе мора да ја плати ако сака да го добие Мато веднаш, без дополнителни преговори. Иако Хартс сè уште не се откажува и се очекува да ја зголеми понудата, влегувањето на Трабзонспор ја комплицира ситуацијата и ја зголемува конкуренцијата.

Се вчитува...