Трабзонспор сака да си ги врати парите што ги плати за Барди

Енис Барди ќе остане во Трабзонспор до крајот на сезонава, но актуелниот шампион на Турција потоа ќе инсистира на заминување на македонскиот репрезентативец, како и на уште неколку стандардни првотимци. Причината не е незадоволство од формата на Барди, туку финансиските проблеми со кои се соочува Трабзон во последните месеци, поради што ќе мора да се раздели од неколку фудбалери.

Турските медиуми најавуваат дека е утврдена и цената за нашиот играч за врска, во висина од три милиони евра. Станува збор за истата сума што Трабзон минатото лето му ја исплати на Леванте за да го доведе Барди во своите редови, а Турците сега сакаат да си ја вратат инвестицијата и да покријат дел од „минусот“ во клупската каса.

Барем засега нема клуб што покажал посериозен интерес и испратил понуда за македонскиот репрезентативец, кој би требало да го напушти Трабзонспор заедно со Бартра, Бакасетас и Бруно Перез.

Се вчитува...