Турскиот прволигаш Трабзонспор се вклучува во трката за еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Елиф Елмас.
Турскиот „Си-ен-ен“ со огромна сигурност пренесува дека разговорите меѓу Трабзонспор и Елиф Елмас се стартувани, а тимот кој е предводен од Ерсун Јанал е цврсто решен да го доведе во своите редови, притоа подготвувајќи и моќна финансиска понуда со која би го откраднал од другите заинтересирани европски клуботи за негов ангажман.
Како што е познато, од поодамна се во оптек шпекулациите за заинтересираноста на Манчестер сити, Бенфика, Галатасарај и Борусија Дортмунд за договор со 17-годишниот Елиф Елмас.
Според информациите од Турција, се очекува деновиве да биде познато дали ќе има договор меѓу Елмас и Трабзонспор. Доколку биде постигнат истиот јасно е дека официјално потпишување професионален договор може да следи во септември кога Елмас полни 18 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА