Екипата на Трабзонспор будно ја следи ситуацијата околу македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, и можноста да го врати во Турција. Елмас го напушта Лајпциг летово, тоа е повеќе од извесно, и за него има интерес од Шпанија и од Италија, но исто така би можело да следува „кам-бек“ и во турскиот шампионат.
Трабзон, тим во кој настапуваше Енис Барди во минатото, ја следи состојбата со играчот од средниот ред. Доколку не успее да направи трансфер во некој од клубовите од големата европска „петорка“, тогаш би можел да се случи трансфер во Трабзонспор.
Сепак, проблем за турскиот клуб е отштетата, која Лајпциг би ја побарал во висина од околу 20 милиони евра. Германскиот тим за него плати околу 24 милиони на Наполи во 2024 година, но тоа подоцна се покажа како грешка, со оглед дека Елмас не добиваше минутажа, па замина како позајмен во Торино каде блесна. Италијанскиот тим не успеа да го откупи неговиот договор, па така тој сега ќе треба да бара нова средина.
Останува да се види дали Елмас би заминал само одново како позајмен, или со перманентен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

