Традиција која восхитува: Олимпискиот шампион Трстена делеше совети за пеливаните во Сарај (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Општина Сарај денеска повторно живееше со вековната традиција која восхитува – народното борење или далеку попознато како пеливанство.

Една од највредните спортски традиции во Македонија и на балканските простори, пеливанството, денеска собра бројни љубители на истото во Сарај. Меѓу нив и златниот македонски олимписки шампион Шабан Трстена, кој делеше совети за млади пеливани.

„Задоволство е да се биде дел од оваа голема манифестација, на која некогаш и јас учествува. Ова зелено поло пред многу години беше и мој мегдан, но сега сакам само со задоволство да ги гледам новите генерации пеливани кои се собираат од цела Македонија“ – вели Шабан Трстена.

Настанот мина во извонреден амбиент, повеќе од возбудливи борби согласно традицијата, и со гледачи многу повеќе и од најпопуларните спортови кои викендов се одржуваа во земјава.

 

Се вчитува...