Традиција си е традиција – Насмевка и по некоја „заушка“ за нов успешен репрезентативен собир (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската сениорска репрезентација со првиот тренинг вечерва ги стартуваше подготовките за двата нови натпревари во Лигата на нациите против Лихтенштајн во Скопје и против Ерменија во Ереван.

Повеќе од видливо позитивно расположение владее во репрезентативниот табор, кој како по обичај подготовките ги почнува со „честитките“ за новините во националниот тим…

На вечерашниот тренинг на тренинг комплексот на ФФМ единствено недостасуваше Стефан Ристовски кој, поради синоќешниот натпревар за Спортинг Лисабон, од утре ќе се приклучи на подготовките. Непосредно пред тренингот пристигнаа капитенот Горан Пандев и Езгијан Алиоски. Како што е познато, поради повреда отпадна Иван Тричковски.

 

Се вчитува...