Македонската репрезентација имаше релаксирачки тренинг попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ по враќањето од Гибралтар.
Само неколку часа откако експедицијата се врати од Пиринејскиот полуостров, селекторот Игор Ангеловски им „подари“ тренинг на репрезентативците на кој, пак, не беа избегнати вообичаените „честитки“ за пооделните славеници. Традиција си е традиција.
Како и да е, како што потенцираа и самите репрезентативци, повеќе од позитивно е расположението во репрезентативните редови по триумфот над Гибралтар а во очекување на неделниот дуел со Ерменците…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА