Традицијата е „надеж“ за Јунајтед: Во сезоната кога стартувале со два порази, станале шампиони

Почетокот на ерата на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, тргна неславно – со два порази во два натпревари. Јунајтед загуби дома од Брајтон, а потоа беше поразен и од Брентфорд на гости. Тешко им паѓа на навивачите на Манчестер Јунајтед, но надеж им дава традицијата во минатото. Последен пат кога стартувале со два порази во Премиерлигата, станувале прваци.

Почетокот на сезоната со два порази е невообичаен за Јунајтед. Единствена претходна сезона кога имале ваков старт со два порази била во 1992/1993 година, и тогаш на крајот станале прваци.

Тогаш Јунајтед бил поразен од Шефилд Јунајтед и од Евертон во првите две кола, па одиграле нерешено со Ипсвич во третото коло. Првиот триумф дошол дури во 4. коло против Саутемптон. Тоа беше и последен пат кога Јунајтед завршил на дното на табелата, пред последниот пораз од 4-0 да ги испрати „ѓаволите“ на последното место.

Вклучувајќи ги поразите од минатата сезона, Јунајтед врза четири порази по ред, што се нема случено од 1979 година. Уште полошо, овој тим бележи седум порази по ред во гости, а најлошиот датира од 1936 година кога имал 10 порази по ред на гостувањата.

Тен Хаг станал првиот тренер кој загубил два натпревари на своите први два натпревари во лигата на клупата на Манчестер после 1921 година кога истиот скор го имал Џон Чапман.

Јунајтед не загубил три натпревари по ред во првенството од сезоната 1986/87, а тоа може да се случи сега затоа што играат против Ливерпул. И против овој тим традицијата е контра Манчестер. Има само една победа на последните 12 меча, односно нема триумф над „црвените“ на последните осум меча.

Доколку Ливерпул го добие мечот, ќе биде тоа првпат во историјата тимот од Енфилд да добие три натпревари по ред на гости со Јунајтед.

Се вчитува...