Италијанскиот стратег Антонио Конте се наоѓа пред отказ од редовите на актуелниот англиски првак Челси. Во последните два меча во Премиер – лигата, лондонските „сини“ се посрамотија, откако загубија дома од Хадерсфилд (0-3), а синоќа беа понижени и од Вотфорд на гости (1-4).
По ова, јасно е дека раководството на клубот на чело со сопственикот Роман Абрамович сериозно ја разгледува можноста за раскинување на соработката со Конте, а зад вратата веќе стои Луис Енрике како најсериозен кандидат за негов наследник.
И традицијата е против Конте. Таа вели дека по освојувањето на шампионската титула, веќе наредната сезона секогаш менаџерот добивал отказ на „Стемфорд бриџ“. Во 2006 година тоа му се случи на Жозе Мурињо, четири години подоцна на Карло Анчелоти, во 2012 отказ доби Роберто Ди Матео, а во 2015 година повторно мораше да си замине Жозе Мурињо. Следен најверојатно е Антонио Конте…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА