Традицијата на наша страна: Убави се спомените од последниот меѓусебен мегдан во Рига (ВИДЕО)

Македонската репрезентација, ако се погледне традицијата, има комплетна доминација со Летонија низ досегашната меѓусебна фудбалска историја.

Двете селекции досега имаат одиграно три меѓусебни натпревари и сите три завршени со победи на Македонија. Првата победа е во март 2014 година кога славевме со 2-1 благодарение на головите на Јован Костовски и Агим Ибраими.

Следните две победи се во рамките на квалификациите за ЕП 2020, кога најпрво во Скопје триумфиравме со 3-1 со головите на Алиоски во 11. минута, и Елмас во 29. и во 90.минута. На крај се позитивните спомени од Рига кога во септември 2019 година триумфиравме со 0-2. Тогаш Горан Пандев и Енис Барди погодија уште во првото полувреме за три бода на македонската селекција.

Се вчитува...